Во рамки на одбележување на патрониот празник на општина Илинден „Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ, утре, од девет до 14 часот, во Домот на култура „Илинден“, ќе се одржи традиционална крводарителска акција.
Во акцијата што Општина Илинден ја организира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија, можат да се вклучат сите заинтересирани граѓани, кои преку дарувањето крв ќе ја покажат својата хуманост и солидарност.