Крводарителска акција на Градското пристаниште во Струга

Од:

4Во организација на Црвениот крст денеска на „Градското пливалиште“ во Струга се одржа голема крводарителска акција.

Целта на акцијата, според ракометниот репрезентативец и заштитно лице на акцијата, Наумче Мојсоски, е да се стави акцент на хуманоста, но и да се поттикнат младите да даруваат крв.

– Целта е да ги поттикнам младите да даруваат крв, затоа што знаеме колку животи можат да се спасат со тоа. Се надевам дека и понатаму ќе продолжи организирањето на вакви акции, бидејќи со самото дарување крв некогаш и не сме свесни дека се спасени голем број човечки животи, рече Мојсоски.

Покажувајќи ја својата хуманост, стружанецот Ванчо Траноски ја потенцира неопходноста од крводарителските акции.

– Имам дарувано крв повеќе од 50 пати и секогаш кога има вакви акции дарувам. Би требало секој човек да го прави тоа, зошто крвта ја добива оној на кој му е потребн, а истовремено се спасуваат човечки животи, изјави Траноски.

Гоце Попоски доктор од Центарот за дијализа во Струга ја нагласи важноста на крводарителската акција, посебно во летниот период.

– Дарувањето крв е најблагодарното нешто и чувството дека си спасил нечиј живот е незаменливо, рече Попоски.

Секретарот на Општинската организација на Црвениот крст во Струга Надуриме Даути најави дека крводарителските акции ќе продолжат на плажите во текот на летото со цел да бидат по присутни меѓу граѓаните и да ја поттиккнува хуманоста.

– Почнавме од „Градското пливалиште“, но ќе продолжиме и на други атракивни места на струшката ривиера, нагласи Даути.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ