Во организација на дебарската организација на Црвен крст денеска во гимназијата „Здравко Чочковски“ во Дебар беше реализирана крводарителна акција.
– За неколкучасовниот престој на екипата на Заводот за трансфузиологија од Скопје, се пријавија над 30 ученици да даруваат крв, но поради одредени здравствени причини, крв даруваа 21 ученик. Учениците од оваа гимназија се редовни и најбројни крводарите и кога во нашиот град престојува екипата и кога при некоја несреќа има потреба од крв, изјави Исни Телкиу, секретар на дебарскиот Црвен крст.
Тој информира дека до крајот на месецов предвидена е уште една акција за крводарување.
За разлика од учениците, кои секогаш ја потврдуваат нивната хуманост, при денешната акција не се пријавил ниту еден професор или друг вработен во гимназијата за да дарува крв.