Крмов: Гаши не е племенски поглавар за да размислува етнички, наместо државнички

Од:

Секогаш кога политичките претставници на Албанците го прекршуваат Уставот или законите, се повикуваат, односно ги обвинуваат за албанофобија, оние кои го констатирале прекршувањето – нагласи пратеникот Борислав Крмов на собраниска седница за интерпелација на Африм Гаши.

– Мене ми е многу интересно како секогаш кога политичките претставници на албанското малцинство се повикани да НЕ ги кршат Уставот и законите, малтене секојдневно, тоа се толкува како национализам или албанофобија?! Небаре, нивно етничко право е да ги кршат Уставот и законите секогаш кога ќе посакаат – истакна Крмов.

Во продолжение, зборувајќи за инцидентот на скопскиот аеродром, Крмов откри детали, за кои, како што рече, поради политички притисок, ги нема во записникот на МВР. Тој додаде, дека шефот на обезбедувањето на Гаши, ситуацијата ја смирувал со репетиран пиштол вперен кон вработените.

– Гаши го пратил шефот на неговото обезбедување да ја ,,смирува” ситуацијата и додека бил таму (на аеродромот) се заканувал, туркал (според сведоци и иако не е влезено во извештајот на МВР), тој извадил и пиштол. Тој пробал да ја ,,смири” ситуацијата со репетирање пиштол, кој го вперил во вработените! – образложи Крмов.

Крмов беше дециден дека ова е скандал за којшто не треба да се чека интерпелација, туку напротив, Гаши сам треба да си поднесе оставка. Според него, Претседателот на Собранието се однесува како племенски поглавар, а не како државен функционер.

– Гаши треба веднаш да си поднесе оставка! Ако претседателката на Косово му е поблиска заради нејзината етничка припадност, не може човек што ја држи втората најбитна функција во државата, понекогаш и најбитна, да размислува етнички наместо државнички. Гаши не е племенски поглавар – појасни Крмов.

Во текот е собраниската седница за интерпелација на претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се обидуваа да ги оправдаат постапките на Спикерот, кои евидентно ја повредуваат домашната легислатива на повеќе нивоа, наведуваат од Левица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Крмов: Имаме скржава власт која одвои малку пари за настраданите во Кочани

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крмов: Пропадна и вториот обид на Левица за надзорна расправа за трагедијата во Кочани – власта гласаше против

(ВИДЕО) Крмов: Власта шверца долг од шест милијарди евра во рок од пет минути

Крмов: Левица ќе поднесе предлог за разрешување на Даути доколку таа не поднесе оставка

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ дрско го одби нашиот амандман за решавање на проблемот со депонијата во Кочани

(ВИДЕО) Милион евра за решавање на кочанската депонија бара пратеникот Крмов

Горан Наумовски