А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кризата го одложи гласањето за Резолуцијата за Македонија во ЕП

by А1он23/02/2016 - 13:51155
Share0

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, т.н. АФЕТ-група, го одложи гласањето за Резолуцијата за Република Македонија, која според предлогот на известувачот Иво Вајгл треба да содржи седма последователна препорака до Европскиот совет за отворање на преговорите на македонската држава со Европската унија.

Добивај вести на вибер

Најновиот развој на политичките настани во Македонија, поради што денеска токму Вајгл со своите колеги Едвард Кукан и Ричард Ховит е во Скопје на преговори со претставници на политичките партии, придонесе наместо денеска, АФЕТ-групата да гласа за македонската Резолуција во Европарламентот на 29-ти овој месец.

Според информациите од ЕП, европратениците очекуваат како ќе се развијат настаните во однос на очекуваните предвремени парламентарни избори во Македонија, односно дали истите ќе бидат според договорот од Пржино на 24 април или подоцна, за да може и овој дел да влезе во Резолуцијата што се однесува на прогрес-извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија во евроинтеграциите.

И покрај ова одложување од шест дена на гласање на Резолуциајта за Македонија во Комитетот за надворешни работи на Европарламентот, усвојување на истата на пленарна седница на законодавниот дом на ЕУ останува според закажаното, а тоа е 9 март оваа година во Стразбур.

ep

Би можело да ве интересира

Комитетот за надворешни работи на ЕП ќе расправа за Извештајот за земјава

Ана Ололовска24/05/2023 - 08:21

Освен од бугарските пратеници од десницата, широка поддршка за С. Македонија во ЕП

Ана Ололовска25/03/2021 - 14:25

Дебата во Европарламентот за С. Македонија и регионот

Ана Ололовска25/03/2021 - 12:25

ЕП утре ќе расправа за годишниот извештај за С. Македонија, бугарските европратеници нема да ги поддржат амандманите за непримерно однесување на Софија

Ана Ололовска24/03/2021 - 08:4024/03/2021 - 08:40

Османи ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска10/12/2020 - 08:17

Османи утре ќе се обрати пред пратениците во Европскиот Парламент

Ана Ололовска09/12/2020 - 12:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен