Кривопаланечките полицајци даруваа крв

Од:

На вчерашната крводарителска акција која се одржа во Полициската станица од општа надлежност во Крива Паланка беа собрани вкупно 24 единици крв.

Акцијата е во организација на општинската организација на Црвен Крст од Крива Паланка и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

-На оваа акција крв даруваа само вработени во Кривопаланечката полициска станица, а нашата соработка со Министерството на внатрешни работи и организирањето крводарителски акции за нивните членови се долгогодишни и успешни, изјави Дарко Пешовски, секретар на ОО на Црвен Крст од Крива Паланка.
Оваа акција е прва за месец јуни, а заклучно со денешните, до сега се собрани вкупно 504 единици крв од вкупно проектираните со 711 годишниот план за 2015 година.

-Со денешните 24 крвни единици Планот за крводарувања за годинава е реализиран за 71 отсто, а до крајот на годината како и секогаш очекуваме истиот да биде натфрлен, додаде Пешовски.

Тој потенцира дека за јуни е планирана уште една крводарителска акција, а терминот и локацијата за одржување дополнително ќе бидат утврдени.

Би можело да ве интересира

УНИЦЕФ: Секое трето дете во светот има опасно ниво на олово во крвта

Жарко Настоски

Собрани 37 единици крв на крводарителска акција во Кавадарци

Наум Локоски

Во Крива Паланка собрани 64 единици крв

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Куманово

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Кичево

Емир Латифовиќ

Крводарителска акција во Археолошкиот музеј на Македонија

Емир Латифовиќ