Кривичниот суд ја преиначи одлуката, Асмир Јахоски оди во притвор

Од:

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по жалба на Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, изјавена против решение на судија на претходна постапка против А.Ј., а поврзано со истрагата за набавка на мазут во ТЕЦ Неготино, по одржана јавна седница како и ценење на наводите во жалбата и одговорот на жалба донесе решение со кое мерката куќен притвор, определена со решение на судија на претходна постапка се преиначува и се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од чл. 165. ст.1 т. 1 и 2 односно Опасност од бегство и Околности кои укажуваат дека истиот може да ја попречи истрагата со влијание врз сведоци.

„Донесеното решени е доставно до странките во постапката и добиено е известие од надлежната полициска станица дека лицето е обезбедено и спроведено во Истражниот затвор Скопје. Против ова решение странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје“ се вели во соопштението на Кривичниот суд.

Би можело да ве интересира

Кривичен го одобри обвинението за директорите на Онкологија – Васев и Нухи, го оштетија државниот буџет за 36 милиони евра

А1он

Кривичниот суд ја осуди Де Јесус Невес Марлиене, државјанка на Бразил на казна затвор од 5,6 години за посредување во проституција

Во Кривичен пристигна целиот предмет за трагедијата во Кочани

Горан Наумовски

Кривичен одлучи: Се одобрува обвинението за аферата „Онкологија“

Горан Наумовски

Прашањето е како е донесена одлука од Судот да се врати пасошот на Јахоски, а не зошто МВР постапило, вели Тошковски

Катерина Ѓуровски

Јахоски бил во Истанбул со времен пасош, утрово се пријавил во Кривичен суд