Кривичниот суд донел одлука “бомбите“ да не се доказ во постапката против владините функционери

Од:

Скопскиот кривичен суд, по експресна постапка вчера го прифатил барањето прислушуваните разговори да не можат да бидат доказ во предметите кои се водат против владините функционери, а кои треба да ги преземе специјалниот јавен обвинител.
Според информациите, тоа се случиило откако биле повикани и сослушани како обвинети Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и уште неколкумина функионери од ВМРО-ДПМНЕ во обвинителството.

Откако дале исказ во предистражна постапка, било поднесено барањето до кривичниот суд за отфрлање на прислушуваните материјали како докази, кое експресно било уважено за сите предмети каде има соменение за криминал. Одлуката судот ја образложил со тоа дека прислушуваните материјали се незаконски набавени и според тоа не можат да бидат доказ.

Ваква одлука на судот може да го доведе во прашање целиот договор од Пржино, а пред се потребата да се избира специјален јавен обвинител чија функција уште сега е “минирана“ и не би имал што да работи без прислушуваните материјали. Одлуката која е донесена би значела спроведување на истата пракса за сите идни предмети кои би ги покренал и специјалниот обвинител, односно “судска амнестија за инволвираните во бомбите “ пред неговото назначување. Истото би важело и за прислушуваните материјали кои се уште не се објавени и кои опозицијата најави дека ќе му ги предаде на новиот обвинител.

Одлуката на судот може да значи и наметнување на евентуална потреба од нов договор во кој ќе се бара освен специјален обвинител и специјално судство, независно од сегашното, партиско судство.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски