Кривични за Mакедонци кои изнеле непроценливо културно богатство – глумеле Индијана Џонс, користеле стари мапи, прикаски за археолошки локалитети

Од:

По истражна постапка што се спроведуваше од 13 декември минатата година, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе Обвинителен акт против 11 лица.

Во текот на втората половина на 2021 година обвинетите С.Џ., З.А. и Т.А. создале група во која група припадници станале останатите обвинети и Д.П кој е во бегство.

Групата во периодот од 01.12.2021 година до 12.12.2022 година барале и копале, истражување на археолошки локалитети. Освен на веќе познатите локaлитети, групата користела и пренесени сознанија, карти и рачно пишани текстови како и преданија за ориентација и пронаоѓање на археолошките локалитети.

По пронаоѓање на локалитетите, со користење на метал детектори обвинетите извршувале недозволено истражување и ископување на движни добра под привремена заштита, односно културно наследство. Археолошките добра и историските предмети иако знаеле дека потекнуваат од извршено кривично дело, ги присвојувале и ги прикривале во нивните домови или на непознати локации и неовластено од надлежен орган ги нуделе и продавале на заинтересирани купувачи од земјата и странство.

Отуѓените добра се предмети со археолошки, етнолошки, уметнички и историски вредности со непроценлива вредност, односно значајно добро и добро од особено значење сопственост на Р.С. Македонија, со исклучителна вредност. Со нивно трајно отуѓување, обвинетите сториле трајна штета за археолошкото, историското, музејското и уметничкото истражување на надлежните државни и научни институции и штета на државата.

Сите обвинети го сториле кривичното дело Злосторничко здружување, а првообвинетиот С.Џ. (47) сторил и кривични дела Прикривање, Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Петмина обвинети З.А.(39), М.С.(42), Г.К.(45),И.С.(48),и М.Џ.(37), освен за кривичното дело Злосторничко здружување, се товарат и за сторено кривично дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости. М.А.(32) и Д.Р.(36) се обвинети и за кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости. Покрај кривичните дела Злосторничко здружување и Прикривање, на обвинетиот Т.А.(58) му се става на товар и кривичното дело Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости, додека на Н.М.(48) кривичното дело Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Најмладиот Р.З.(28) според Обвинителниот акт, освен кривичното дело Злосторничко здружување е сторител и на кривичните дела Оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или културни реткости и Изнесување во странство на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.

Би можело да ве интересира

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Жител од Демир Капија обвинет поради омраза кон маргинализирана група

А1он

Извештај на ЕК: Културното наследство на Македонија не е доволно заштитено

Обвинение против гинекологот кој сакаше да прегази полицаец, државата бара да се казни со пет години затвор

Обвинение за млад тетовец кој за пари сакаше да убие познаник

Пијан уби девојче на пешачки во Велес, обвинет е – Да одговараат и оние кои со денови го криеле, бара адвокатот