Кривични пријави за двајца охриѓани кои тргувале со археолошки предмети

Од:

Полицијата при Секторот за внатрешни работи од Охрид поднесе кривични пријави против лицата И.Б. (36) и А.Т., двајцата од Охрид, поради основано сомнение дека се сторители на казнено дело „присвојување добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“.

Според полицијата, полициските службеници на 13 минатиот месец кај А.Т. пронашле вкупно 22 најлонски пакувања со различни археолошки предмети. Тие се пронајдени при акција на полициските службеници и извршен преглед кај А.Т. кој се наоѓал во близина на паркинг-простор во централното градско подрачје. Притоа во торбицата што тој ја носел забележани се археолошките артефакти, спакувани во најлон кеси. Предметите изработени од бронза и сребро се со археолошка вредност и истите по заплената се предадени во Заводот и музеј на град Охрид.

Купопродажбата на 22 археолошки артефакти била извршена ден претходно, во домот на И.Б. во Охрид кој со намера да стекне противправна имотна корист на А.Т. му ги понудил и продал археолошките предмети  за 3.500 денари. Откако ги купил старите и вредни археолошки предмети, А.Т. несакајќи да ги носи дома, ги сокрил во паркот на Спомениците на паднатите борци од НОВ во Охрид. Утредента околу 15 часот тој ги откопал најлонските кесички со намера вредните предмети  да ги сокрие на друго место, при што бил пресретнат од полицијата и приведен

Полицијата работи на расветлување на случајот и утврдување на потеклото на вредните археолошки артефакти.

Би можело да ве интересира

Паско Кузман осуден на 3 години затвор

Ана Ололовска

Три години затвор за Паско Кузман

Емир Латифовиќ

Одложен судењето за кражбата од Музејот на Македонија

Емир Латифовиќ

Обвинетите за кражбата во Музејот на Македонија денеска во суд

Емир Латифовиќ

Германија одби да го испорача Шекуларац обвинет во „Фаланга 2“

Ана Ололовска

Притвор за седумте приведени за кражбата во Музејот на Македонја

Ана Ололовска