Кривични пријави за двајца албански државјани за подметнување на пожарот во дебарско

Од:

Поднесена е кривична пријава против двајца албански државјани за предизвикување шумски пожар во подрачјето на дебарско, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Одделението за внатрешни работи Дебар вчера до Основното јавно обвинителство Дебар поднело кривична пријава против Л.Е.(32) и Е.Ц.(31) од Р.Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, предвидено и казниво по член 227 од Кривичниот законик.

-Пријавените се сомничат дека предизвикале шумски пожар за кој било пријавено дека настанал на 13.08.2021 на подрачјето на дебарско, се наведува во соопштението на МВР.

Би можело да ве интересира

Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

Пожарот во Трубарево е под контрола, гори на четири локации низ земјава

Мицкоски: Идентификувани се дваесетина лица поврзани пожарите

Катерина Ѓуровски