Кривични пријави против тројца сторители, разрешени четири тешки кражби

Од:

СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.С.(36) од Прилеп, .Ј.Ф.(25) од Прилеп и А.Џ.(26) од село Црнилиште, Општина Долнени, осомничени за сторени четири кривични дела ,,тешка кражба“.

Пријавените делата ги извршувале во периодот од септември 2019 сѐ до април 2020 година, информираа денеска од МВР.

При првото кривично дело, сторено во периодот од септември 2019 до април 2020 година, пријавените со употреба на сила и подесен предмет влегле во двете работни простории во склоп на рудник лоциран во м.в. Рамнобор, село Мелница, Мариово и одзеле работни машини и разни резервни делови (виљушкар, агрегати, компресори, бушилица, каменорезачка, електромотори од машини за преработка на мермер, кабли и др.), со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 17.220.000 денари.

Како што појаснуваат од МВР, второто дело тројцата пријавени го извршиле во периодот на март 2020 година, при што со подесен предмет влегле во викенд куќа. во село Бешиште, во која привремено престојувал М.М. од Битола, и од помошната просторија и дворот одзеле повеќе машини и алати (неколку акумулатори, бормашина, хилта, метал детектор, рачен циркулар, агрегат и др.), карабинска и ловна муниција, ловна пушка, автомобилски резервни делови и приколка, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 150.000 денари.

– Третата тешка кражба пријавените ја извршиле во периодот од октомври 2019 до април 2020 година, така што со употреба на сила влегле во рудник лоциран во село Бешиште по што од кругот на рудникот одзеле возило „џип УАЗ“ и теренско возило „нисан терано“, во кое имало и документи, при што се стекнале со противправна и мотна корист од 60.000 денари, стои во соопштението од МВР.

Тројцата пријавени четвртата кражба ја извршиле во април 2020 година, прескокнувајќи ја заштитната метална ограда од деловниот простор на рудникот за обработка на мермер, по што се упатиле до викенд куќата, сопственост на М.М., и со употреба на сила влегле во неа и одзеле алат за мерење струја, предмети за домаќинство, потоа од работилницата одзеле електрична машина дребонг и товарно возило „ТАМ“. Со ова дело се здобиле со противправна имотна корист од 60.000 денари.

– Со преземање на оперативно-тактички мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Прилеп, дел од предметите се пронајдени и со Потврда за привремено вратени предмети им се вратени на оштетените. Со извршување на овие четири дела ,,тешка кражба“ од чл.236 од Кривичниот законик на РСМ сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 17.490.000, се посочува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он