Кривични пријави против седум малолетници за учество во протестите во Ѓорче Петров

Од:

Врз основа на претходно обезбедените снимки од разни извори, министерството за внатрешни работи во координација со надлежниот јавен обвинител, продолжи со расчистување и документирање на инцидентите и нарушувањата на јавниот ред и мир при протестите во Ѓорче Петров на 20 овој месец.

По извршената идентификација, единицата за насилен криминал при СВР Скопје, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Скопје против седум малолетни лица на возраст од 15 до 17 години, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“ предвидено и казниво по член 384 од Кривичниот законик.

Пријавените, околу 20:00 часот, на ненајавен протестен собир на улица „Ѓорче Петров“ во близина на болницата „Св.Лазар“ во населба Ѓорче Петров, а потоа и кај старото кино „Ѓорче Петров“, учествувајќи во толпа со заедничко дејствување спречиле полициски службени лица во вршење на службено дејствије-воспоставување на јавен ред и мир и при тоа со фрлање на тврди предмети-камења, како и други дејствија, телесно повредиле 10 полициски службени лица, со што сториле кривично дело „учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејствије“.

Би можело да ве интересира

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Ана Ололовска

Судот го прифати предлогот на одбраната да има реконструкција на случајот Ангел Петковски

Ана Ололовска

14 години затвор за убиството на Ангел од Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Обвинетиот за убиството на Ангел Петковски бил свесен за извршеното дело

Емир Латифовиќ

Конфузни изјави на сведоците за убиството на матурантот Ангел

Емир Латифовиќ