Кривична за скопјанец за поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца

Од:

МВР информира дека вчера Секторот за компјутерски криминал при МВР до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против Ф.М.(27) од Скопје, за сторено кривично дело „Производство и дистрибуција на детска порнографија“ предвидено и казниво по член 193-а став 3 од Кривичниот законик.

По добиена информација од полицијата во Германија за спроведена истрага во врска со сексуална злоупотреба на деца и поседување и дистрибуција на материјал со сексуална злоупотреба на деца, како и дека станува збор за профил на апликацијата „Telegram”, со телефонски број и ИП адреса од Р. С. Македонија, од страна на Секторот за компјутерски криминал при МВР беа преземени мерки и активности за прибирање на докази при што по утврдување на корисникот, на 20.08.2025 година по добиена Наредба од Основниот кривичен суд Скопје за претрес на дом и помошни простории, Наредба за пребарување на компјутерски систем и компјутерски податоци и Наредба за привремено одземање на компјутерски податоци, од страна на полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал беше извршен претрес во домот на Ф.М. (27) при што пронајдени и одземени се предмети за понатамошна постапка.

Ф.М. е лишен од слобода во Полициска станица Гази Баба и известен Јавен обвинител од ОЈО Скопје за понатамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Кривична за криминална група од Прилеп за трговија со дрога и перење пари

А1он

Кривична пријава против 27 лица – незаконско внесуваa категории во возачки дозволи

А1он

Стружанец доби кривична за даночно затајување – го оштети буџетот на државата за над 73.000 евра

А1он

Не пријавиле даноци и присвоиле стока: Финансиска полиција поднесе кривична за штета од 12,6 милиони денари

Кривична против тројца скопјани за нападот врз 14-годишник во Ченто

А1он