Кривична пријава за скопјанец за измама на сопственик на рент-а-кар фирма во Дебар

Од:

Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на скопското село Шишево, поради сторено казнено дело „измама“.

-Кривична пријава е поднесена против лицето Џ.С.(43) кој на деветти јануари годинава, со намера да се стекне со против правна имотна корист, извршил лажно прикажување и прикривање на факти, доведувајќи го до заблуда Д.М. од Дебар, од кого, претходно изнајмил рент-а-кар возило „БМВ Х5“, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додава дека по истекување на договорот за изнајмување, пријавениот, на оштетениот не му го вратил возилото со образложение дека му го одзеле лица на кои, наводно им должел пари.

-По преземени мерки, полициските службеници констатирале дека пријавениот, направил фалсификуван купопродажен договор, во кој, прикажал дека сега оштетениот, му го продал автомобилот. Потоа, извршил негово одјавување и го продал на лице од Куманово, рече Димоски.

Исто така информираше дека според статистичките податоци на ОВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа полициските службеници констатирале два прекршока за неносење лична заштита на лицето или овој месец вкупно 37, за што се издадени платни налози.

Воедно, полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле 17 контроли во угостителски и други објекти.

Во изминатите два дена од воведувањето полициски час, во двете општини, не е регистрирано непочитување на забраната за движење.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе