Кривична пријава за Самка Ибраимовски за заканите кон претседателот на Уставен суд

Од:

МВР поднесе кривична пријава за Самка Ибраимовски за заканите упатени кон претседателот на Уставен Дарко Костадиновски.

– Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти случајот пријавен до Секторот за компјутерски криминал на 24.06.2024 од страна на претседателот на Уставниот суд Д.К., кој пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа. Веднаш по добиената пријава, МВР презеде соодветни мерки и беше извршен службен разговор со С.И. во СВР Тетово. Денеска (26.06.2024) Секторот за компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против С.И. (69) за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ чл.144 ст.5 предвиденo и казнивo според Кривичниот законик. Пријавениот С.И. на својот фејсбук профил упатил сериозни закани и повици за насилство кон судија на Уставниот суд, се вели во известувањето од МВР.

Ибраимовски негираше дека упатил закани тука рече дека на социјална мрежа поставил прашање„што ако настанат убиства“. Претседателот на Уставен суд завчера го приави случајот во полиција.

Би можело да ве интересира

Костадиновски – Рокас: Неопходно е да се обезбеди и почитува независноста и самостојноста на Уставниот суд

„ВРЕДИ“ за барањето на ДУИ за оставка од претседателот на Уставен: Прво да побараат оставки од своите членови

Костадиновски: Кога ќе го добијам пријателскиот совет од Венецијанската комисија веднаш ќе биде свикана подготвителната седница

Фрлена експлозивна направа во партиски клуб на ПЦЕР во Тетово

А1он

Костадиновски: Колективната одговорност и распуштањата ќе не втурнат во правен лавиринт

Самка Ибраимовски негира дека се заканувал на судии: Само прашал „што ако настанат убиства“