Кривична пријава за кумановец за продажба на фалсификуван накит

Од:

Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“.

– Пријавениот, како физичко лице, во текот на 2019 година набавил 40 парчиња фалсификуван накит од трговската марка „PANDORA“, која е заштитена трговска марка. Вака, нелегално набавените парчиња накит, чии ознаки не се оригинални, имал намера да ги продава на разни купувачи со цел да се стекне со противправна имотна корист во износ од најмалку 59.000 денари, информираат од МВР.

Од страна на правното лице, застапник на брендот „PANDORA“ на територијата на земјава, вчера било доставено барање за преземање на дејствија, со кое барало проверка на сомненијата и документирање на кривичното дело.

Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во просториите на правното лице на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 40 парчиња разновиден накит со ознаки „PANDORA“.

– Одземениот накит бил фотографиран и фотографиите биле доставени до правното лице кое е застапник на авторски права на производите од трговската марка „PANDORA“ на територијата на РСМ, по што тие известиле дека предметите се фалсификувани, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Кражбата во средното училиште во Охрид ја извршила ученичка

Лажеле дека им била ограбена куќата, па заработија кривична пријава

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело

Велешанка го ограбила мажот со кој претходно била во врска

Крадела новчаник од пациентка во болницата во Тетово, 42-годишна жена фатена на дело

Анита Петровска Рајковиќ

Полицијата расчисти пет тешки кражби во Битола

А1он