Кривична пријава против поранешен градоначалник на Свети Николе

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Р.Ѓ.(44) од Свети Николе за сторено кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластување“, и против ДПТУ „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје, А.П.(54) од Скопје, и С.Д.(55) од Штип, за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во 2012 година, првопријавениот, како градоначалник на општина Свети Николе, без основен проект, без одобрение за градење и промена на Деталниот урбанистички план, донел одлука за Јавна набавка за реконструкција и изградба на горен строј на коловозни површини на две улици во Свети Николе. Потоа, второ и третопријавениот, како одговорно лице во ДПТУ „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје, ја извеле градбата, додека четвртопријавениот, и покрај тоа што знаел дека нема основен проект и одобрение за градба, извршил надзор над градежните работи. На 22.08.2012 година, првопријавениот, спротивно на Законот за јавни набавки, повторно донел одлука за јавна набавка на две позиции кои што биле опфатени во првата јавна набавка, со што ја зголемил првата јавна набавка за 35%, додека трето и четвртопријавениот ја изготвиле потребната документација, и ја доставиле до општина Свети Николе за наплата. На овој начин, Р.Ѓ. го оштетил буџетот на општината и овозможил „Еуродрво“ ДООЕЛ Скопје противправно да се стекне со 8.574.814 денари.

Би можело да ве интересира

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

Шестмина добија кривични пријави бидејќи противзаконски доцртале кат на зграда во Свети Николе

А1он