Кривична пријава против агент за недвижности од Скопје

Од:

Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево поднесе кривична пријава против 47-годишниот О.С. од Скопје, осомничен за кривично дело „измама“.

Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од јули до септември 2020, со намера да стекне противправна имотна корист, О.С. сторил две кривични дела „измама“.

– Како вработен агент за недвижности во приватна агенција од Скопје, ги довел во заблуда И.К. и С.А., двете од Скопје, на кои им зел капар за продажба на два стана во изградба, но земениот капар не го уплатил во агенцијата во која е вработен. Извршувајќи ги овие дела, О.С. се стекнал со противправна имотна корист од околу 110.000 денари, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

МВР: Поднесени две кривични пријави против полицаец од Гевгелија

Уште една кривична за Максим Димитриевски: „Притисоците продолжуваат, но тоа нема да ме обесхрабри“

Анита Петровска Рајковиќ

Кривична за родители кои им овозможиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно

Си оградил државно земјиште на Бит Пазар и си наплаќал паркинг – доби кривична

Кривична за тројца полицајци – дозволиле да застари дисциплинската против колега осомничен за кражба на културно наследство

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе