Кривична доби затвореникот од „Идризово“ кој се сомничи дека е лажниот Дејан што измамува бизнисмени

Од:

Лажниот Дејан односно затвореникот кој одлежуваше казна во „Идризово“ и мамеше угостители, им падна во раце на битолските полицајци. Тие поднесоа кривична пријава до битолското Обвинителство за дело „измама“ откако успеале да утврдат дека затвореникот Бобан А. од затвор ѕвонел и правел измами на поединци. Во Битола било фатено и лицето кое ги земало парите, за разлика од случаите во Скопје каде уште никој не одговара иако „А1он“ објави снимки од кои јасно може да се утврди идентитет на едно од лицата. Кај дел од лицата, се преставувал исто така како Дејан.

„Првопријавениот Б.А. (Бобан), кој е на издржување казна затвор во казнено-поправната установа затвор ‘Идризово’, во текот на 2022 година во повеќе наврати измамил повеќе лица од различни градови од државата. Тој им се јавувал телефонски и лажно претставувајќи им се ги доведувал во заблуда и им нудел различни услуги. Додека, второпријавениот Б.У. со уште едно лице го организирале преземањето на парите. Откако ги земале парите го прекинувале контактот со лицата“ велат од МВР.

„А1он“ уште минатата година објави дека потрагата по лажниот Дејан нѐ однесе во затворот „Идризово“. Станува збор за затвореник кој веќе е осуден за измама и кражба. Таргет му се бизнисмени, најчесто од угостителскиот сектор. Се јавува нарачува, а потоа ги замолува пред да ја достават храната да платат други услуги за кои ветува дека им плати веднаш штом му ја достават нарачката. Праќа лице кое ги зема парите, а потоа, и тој и лицето кое го праќа ги исклучуваат броевите и не ги активираат повторно.

Во Скопје имаше неколку измами. „А1он“ објави за три случаи. Првиот беше измамата на доставувач на пијалоци кој плати за украсување и чекаше наводниот Дејан да му ги врати парите. Вториот беше кога измамени биле девојки кои работат декорација – украсиле ресторан и го чекале славеникот Дејан да дојде да плати, па биле известени од менаџерот на ресторанот дека тие ја платиле декорацијата во негово име на човек кој дошол по парите. Третиот беше кога угостител требало да се сретне за да договри зделка и оставил 300 евра на непознато лице, за кои добил уверување дека ќе му бидат вратени веднаш што се сретнат. Шемата е секогаш иста, измамените остануваат без зделки, но и без пари.

Лице се претставуваше како Дејан, Дејан Николовски, Дејан од Хуго, доктор Дејан.

Би можело да ве интересира

Граѓаните да внимаваат, има опасна измама за кражба на податоци од платежни картички предупредува Народна банка

Катерина Ѓуровски

Лажниот Дејан води до затворот „Идризово“: Стои ли затвореник зад измамите на угостители во Скопје

Кристијан Ландов

По објавите од „А1он“, нов угостител пријавил измама од наводниот Дејан која се случила минатиот месец

Кристијан Ландов

Измамите од наводниот Дејан не може да ги гони полицијата, а со тоа ниту да го најде

Кристијан Ландов

Како наводниот Дејан ги организира измамите и кој ги зема парите: ново сведоштво од Скопје

Кристијан Ландов

Измамник прави „пепел“ низ Скопје: Лажниот Дејан сотре десетици угостители

Кристијан Ландов