Кривичен го одобри обвинението против Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“ во Скопје

Од:

Кривичниот суд соопшти дека е одобрено обвинението против Васил Јованов кој на 29 јануари ја усмрти младата Фросина Кулакова на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје.

-Советот за оценка на обвинителниот акт, го одобри обвинението на Основното јавно обвинителство со КО бр. 271/25 од 27.03.2025 година против осомничениот В.Ј. за кривичното дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од чл. 300 ст.2 в.в. со чл. 297 ст.1 од КЗ, поврзан со сообраќајката од јануари 2025 – та година на булеварот Партизански одреди во Скопје во која животот го загуби 22 – годишната Ф.К., информираат од Кривичниот суд.

Со одобрениот обвинителен акт, формиран е кривичен предмет со К.бр. 780/25 кој ќе биде ќе биде распределен на понатамошно судење согласно АКМИС – системот.

Од Судот додаваат дека кога ќе биде насрочен термин за главна расправа, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Би можело да ве интересира

Отворен конкурсот за стипендија по моден дизајн „Фросина Кулакова“ за 2026 година

А1он

Врховен го одби барањето на Васил Јованов кој ја усмрти Фросина Кулакова, казната од 13 години останува

Катерина Ѓуровски

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години

Фетаи: Преку барање на повисока казна, не бараме освета – казната затвор не е само бројка, туку став

А1он

Дуковски: Пресудата од 12 години е донесена под притисок од јавноста – важеше начелото „око за око, заб за заб“

А1он

Зоран Јованов, таткото на Васил не се чувствува виновен за обвинението по кое му се суди