Криумчар бегајќи удрил во полициско возило, ги повредил и полицајците и мигрантите кои ги превезувал

Од:

24-годишник од скопското село Издризово управувајќи патничко возило „форд фокус“ со украдени регистарски таблички во Велес, во правец од Велес кон Катланово, не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со возилото удрил во две полициски службени возила и во двајца полициски службеници. Притоа, со тешки телесни повреди се здобил М.М. и еден полициски службеник, а со телесни повреди се здобиле друг полициски службеник и осум лица мигранти, кои ги превезувал во возилото, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

dobivaj vesti na viber

Увид бил извршен и по целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

28-годишник загина во сообраќајна несреќа на патот Битола-Ресен

Катерина Павлова-Николовска

Починато бебе донесено во битолската болница

Загина тракторист од струмичко

Ана Ололовска

ВИДЕО: Тешка сообраќајка во Ново Село

Кристијан Ландов

Во куќа во село Кучково пронајден починат маж

Ана Ололовска

Пронајдено починато 26-годишно момче од Скопје

Ана Ололовска