(ВИДЕО) „Криминалец, тоа му е професија“

Од:

Стартот на 19 бомба која се однесува на криминалите во Битола, СДСМ го започна со потсетување на еден разговор кој се однесува на битолскиот градоначлник.

Јавноста слушна што мислат Ставрески и Јанкулоска за градоначалникот на Битола, Владимир Талески, рече Васко Ковачевски, претседателот на ОО на СДСМ Битола.

-За Ставрески тој е криминалец, а Јанкулоска го дополнува дека тоа му е професија. Како што вели Ставрески, договорот кој го склучил со “Транспорт“ за превоз на ученици е криминален до даска и десет пати поскап, посочи Ковачевски.

Разговор помеѓу Гордана Јанкуловска и Зоран Ставревски

ГЈ: Ало?

ЗС: Горде шо праиш?

ГЈ: Еве вести.

ЗС: Добро.

ГЈ: Ти?

ЗС: Еве, ја сега пошто завршив пред 15 мин, дојдов у канцеларија и продолжуем накај дома. Се изнервирав дополнително со ова копилево од Битола Владо Талевски, пичка ли му матер.

ГЈ: Шо бе Зоки?

ЗС: Абе ни напраи скандал со овие превознициве. Ќе ти кажам шо е.

ГЈ: Абе што говеда се значи.

ЗС: Беше направена ситуацијата. До 2010-та до јуни, склучен е договор со Транскоп, коруптивен до даска, у кој што по поединечен ученик договорените цени му се повисоки 10 пати повисоки отколку после тоа, отколку денес шо важат цените со приватни превозници се договорите. Значи советов у 2010-та од опозицијава овие му извршиле притисок да ги смени тие договори и он распишува тендер, кај што приватни превозници се јавуваат…

ГЈ: Да де, тендер. Кој бил најефтин, тој.

ЗС: … и цената ја спуштаат во однос за 1 спрема 10 на некои места, негде 1 спрема 5, негде 1 спрема 3.

ГЈ: Да де да.

ЗС: И копилево место да си го покрие криминалот, напукал, пошто долгот до 2010-та отприлика е, кон Транскоп, отприлика е 36 миљони денари и 22 миљони кон приватниве. И сега бара преку ЗЕЛС, прво со поддршка од Коце се разбира, да ние му ги покриеме долговите.

ГЈ: Коце за сите такви матни работи дава поддршка. И само да те намести.

ЗС: Испратив луѓе таму. Како второ значи, има на сметката негова, на редовна сметка 60 миљони денари и на сметка за дотации кои што се наменети за исплата на плати и на материјални трошоци 16 миљони, откако веќе ги исплатил платите, вишок има цело време 16 миљони денари. Шо значи он може да го затвори главниот дел од долгот со таа сметка да ги плати. Место тоа да го напраи, он му врши притисок на Панче, прво ги пушти превозниците на прес, пази. И даде изјава…

ГЈ: Да да, глеав тоа, да.

ЗС: … на медиуми дека министерството за образование за финансии малце му давале пари. А кој се овие луѓево шо се превознициве се наши. Значи, за да излезат на прес, не излегле случајно. На негово барање.

ГЈ: Да де да. Тие и работата случајно не ја добиле.

ЗС: А у меѓувреме едно 50 СМС-и до шефот имаше испратено претходно уште. И му реков, нели завчера коа беше у Влада нејќев ни да го погледнам.

ГЈ: Да, да, да.

ЗС: И му реков на Панче ти јави му се, оти ја ако му се јавам ќе му ебам мајката, не можам да се воздржам на телефон. И сеа и на Кире Божиновски му се јавував да му изврши притисок, пошто копилето игра крајно прљаво. Значи тој е, тоа е… Кај што е неспособен, уште тежок криминалец, ама и перфиден актер она, глумец.

ГЈ: Епа тоа му е професија. Тоа сакав да ти кажам. Добар глумец е.

ЗС: Лигле.

ГЈ:. Значи блефер, професионален е. Другиве блефираат, ама така приучени, ама овој е професионалец, професија му е тоа.

ЗС: Да де да. Копилиња, со такви се занимаваме…

ГЈ: На толку помош.

ЗС: Значи малце ли се тепам у Собрание со сите, од комуњариве, сега и на толку помош што му е дадена, копилето пази нас ни праи прес, ми праи он мене.

Би можело да ве интересира

Крвава забава во Книн – рачна бомба експлодираше во стан, 25-годишник загина

А1он

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Поради дојава за бомба, полицијата го евакуира „Сава центарот“

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски