Креативна работилница „Заедно за иста цел“ во рамки на проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ организира денеска здружението на граѓани ЦИВИЛ во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.
Работилницата е дел од заедничките заложби на ЦИВИЛ, основните и средни училишта од Куманово и локална самоуправа за јакнење на јавната свест и граѓанска едукација на локално ниво против насилниот екстремизам.
Околу 20 деца од повеќе средни и основни училишта во Куманово на работилницата заеднички ќе сликаат на теми „Човекови права и слободи“, „Мир и ненасилство“, односно сѐ што симболизира мирно и здружено решавање на конфликти преку дијалог и разбирање.
Работилницата ќе ја водат членовите на работната група за превенција од насилен екстремизам заедно со тимот на ЦИВИЛ.
Делата на учесниците во работилницата, заедно со сите кои учествуваа на ликовниот конкурс „Заедно за иста цел“, што трае до 6 мај, ќе бидат изложени на мултимедијалниот настан, што ќе се одржи на 8 мај во Домот на културата „Трајко Прокопиев“, Куманово.
Мултимедијалниот настан ќе биде проследен со видео проекции, музика, сценски настап на учениците од гимназијата и доделување награди за најуспешните учесници на конкурсот за ликовни творби. ЦИВИЛ го спроведува проектот „Заедниците против насилниот екстремизам“ со поддршка од Американската амбасада.