Кратки инспиративни приказни за образование и писменост

Од:

Професори, родители и ученици денеска одбележаа четири години од спроведувањето на проектот „Со читање до лидерство“. Дел од наставниците одржаа презентации за образование и писменост на второто издание на „Speech4Teach – инспирација за едукација“, штос е одржа во МКЦ.

Директорката на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“-Македонија и раководител на проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ Сузана Киранџиска истакна дека сакаат да создадат култура за учење меѓу самите наставници за, како што рече, да можат тие постоајно да зборуваат и да ја унапредуваат својата пракса. Во рамки на проектот се објавени повеќе од 20 сликовници на македонски и албански, а оваа година и на турски и на босански јазик. Потенцира дека кај децата треба да се всади љубовта кон книгата и дневно да се чита барем 20 минути.

Весела Богдановиќ, одделенскиот наставник во ОУ „Кочо Рацин“ во село Ивањевци, општина Могила, која е вклучена во проектот „Со читање до лидерство“ истакна дека ги применува техниките и методите научени од обуките. – Македонскиот јазик, читањето и математиката стануваат игра, природен начин за учење на дечињата, рече Богдановиќ. Според неа, редовната програма може да биде бајка ако едукатор знае како да ги подготви и да ги реализира часовите на начин кој одговара на природата на децата. Додаде дека проектот се однесува за деца од прво до трето одделение, а во него се вклучени сите училишта од Македонија.

Претставникот на УСАИД во Македонија Дејвид Атебери потенцира дека образованието и писменоста се важни доколку сакаме да градиме општества кои се одржливи и во кои се цени знаењето и учењето.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март