Кралев: Образованието висок приоритет на кандидатите од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Имаме издржани и реални програми за 70 кандидати во општините, со 10.112 проекти  за сите сегменти од животот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ стои зад секоја програма и ја гарантира нивната реализација. Исклучително висок приоритет имаат проектите од областа на образованието, рече на прес-конференција Панче Кралев, член на владејачката партија и министер за образование наука.

Кралев соопшти дека во програмите на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ се планира реконструкција на над 170 училишта и доградба или целосно нова изградба на 19 училишта. Ќе продолжи и проектот бесплатни учебници за сите ученици во основното и средното образование, бесплатен интернет во училиштата и студентските домови, како и  доопремување на училиштата и училишните кабинети.

– Ќе се обезбеди стипендирање на најуспешните и најталентирани ученици, кое како проект веќе успешно го спроведуваме на централно, а ќе го имплементираме и на локално ниво. Ќе продолжиме со изградбата на планираните 145 спортски сали, а ќе продолжи и реконструкцијата на училишните објекти. Онаму каде што ќе постои реална потреба и можност ќе дадеме поддршка за отворање дисперзирани студии од повеќе универзитети, со што високото образование ќе го направиме уште подостапно до граѓаните и веруваме дека ќе го спречиме одлевањето на младите од општините низ Република Македонија, рече Кралев.

Тој додаде дека и досега посветено се работело во секторот образование. – Во голем број општини изградивме и реконструиравме над 260 училишта низ цела Македонија. Изградени се над 30 училишни спортски сали, реконструирани се ученички домови и отворени се дисперзирани студии. Тоа е нашиот досегашен влог кој и понатака ќе го унапредуваме и зголемуваме. Нашите дела се доказ дека тоа што го ветуваме за следниот четиригодишен период ќе биде реализирано, истакна министерот за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование