Градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, кадар на ДУИ сака училиштата „Рајко Жинзифов“, „Цветан Димов“, „Јане Сандански“ и „Никола Вапцаров“ да ги прекрсти во „Исмаил Ќемали“, „Хасан Приштина“ „Јашар-бег“ и „Имри Елези“.
Доколку остане на својата намера од инспекторатот за локална самоуправа се закануваат„ Ќе интервенира полицијата“.
„Ако Општина Чаир, како што најави, постави табли со нови имиња на четирите училишта, тоа ќе биде сосема незаконски и ќе мора да интервенира полицијата“, изјави , е директорот на инспекторатот за локална самоуправа Ванчо Шехтански, за „Дневник“.
И министерот за образование и наука, Панче Кралев е јасен, без одобрение од министерството, имињата на учулиштата не смеат да се менуваат.
Одлуката на Советот на општина Чаир, од пред неколку месеци, а која беше за промена на имињата на училиштата , беше поништена како незаконска од страна на инспекторатот .
Дали со првото училишно ѕвозно во понеделник ќе почнат и проблемите?
„Во понеделник, училишта почнуваат со нови имиња, иако министерството не ни даде дозвола`“, не попушта, Музафер Реџепи, одговорен за образование во општината, во изјава за порталот Порталб.
Од МВР за „Дневник“ изјавиле дека ќе реагираат ако има пријава за нарушување на јавниот ред и мир, а за случајот првенствено се надлежни МОН и општина Чаир.