Кралев: Да не се повторат настани и случки што не помагаат за развој на образованието

Од:

Министерството за образование и наука ќе ги спроведе сите законски надлежности за во иднина да не се повторат случки и настани кои не помагаат во развојот на образованието.

Тоа го истакна денеска министерот за образование и наука Панче Кралев, одговарајќи на новинарски прашања што ќе преземе МОН за случаите со натписи со навредлива содржина во дебарско училиште и цртање на албанското знаме од страна на ученици.

– МОН од аспект на своите надлежности односно Просветниот инспекторат врши контрола на терен во институциите, но исто така и преку укажување до директорите дека вакви настани или случки не помагаат во развојот на образованието. Од аспект на Министерството ќе бидат спроведени сите законски наделжности со цел тоа да не се случува во иднина, изјави Кралев по посетата на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија.

Наша цел како МОН, додаде, останува да се заложиме за креирање средина за поттикнување на интегрираното образование, каде што ваквите натписи, активности и случки немаат место.

Според Кралев, доколку се утврди одговорност ќе има казни за директорите, што е задача на Просветниот инспекторат.

– Доколку се утврди одговорност – да, тоа е задача на просветниот инспекторат, тие се излезени на терен и ќе информираат соодветно, но пред се освен казната мора да разговараме и за една поширока одговорност која не ни помага од аспект на поттикнување заеднички обрзовен систем и поттикнување на интегрираното образование кое е приоритет во активностите на МОН, изјави министерот за образование.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николова: Предложените реформите се без јасна стратегија за развој и модернизација на образованието

ВЛЕН: Сериозно сме посветени на образованието кое беше во тотална летаргија

Јаневска: Пакетот закони од образованието се носи демократски и инклузивно

Горан Наумовски

Јаневска: Не дозволувам политички партии да печалат поени и да враќаат рејтинзи преку игри во образованието

Предраг Петровиќ

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура