Крадец украл 25.000 евра во Велес

Од:

Околу 25.000 евра е олеснет Љ.К. од Старо Градко, Велес од непознат сторител.

Вчера наутро, помеѓу 04,30 до 07,30 на улицата „Гоце Делчев“, непознатиот ја скинал заштитната мрежа од прозорецот и влегол во куќата.

Украл 20.000 евра, 300.000 денари и три златни прстени, причинувајќи вкупна материјална штета од околу 1.500.000 денари.

Полицијата од Велес презема мерки за откривање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Уапсени четворица малолетници во Скопје – со закана со нож ограбиле две деца

ВИДЕО: Снимена спектакуларна кражба на златара во Лондон

Предраг Петровиќ