Ковачки: Новиот директор на АНБ не е нов, тој е една од причините заради која Онишченко добива државјанство

Од:

Новиот директор на АНБ, Зарко Милошевски, не е нов, тој е една од причините заради која Онишченко добива државјанство, пишува пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

„Милошевски не е нов човек. Тој му бил помошник и е кадар на Виктор Димовски и Миле Зечевиќ, а со тоа и на српската врска. Досега ја извршувал функцијата помошник директор на Одделот за безбедносни проверки и НАТО во АНБ, а на таа позиција е поставен со потпис на досегашниот контроверзен директор – Виктор Димовски. Зарко Милошевски како Помошник директор за безбедносни проверки директно учествувал во случајот Онишченко. Тој е една од причините поради која Онишченко добива македонско државјанство, но очигледно дека тоа не значи ништо за тие што го поставиле“, пишува Ковачки.

Додава дека Милошевски е Помошник директор во АНБ и кога над 200 криминалци од регионот и светот добиваат македонски патни исправи.

Владата на денешната седница го назначи Зарко Милошевски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Владата на Ковачевски и институциите да направат контрола дали е платен данок на промет и како е направена трансакцијата за Соравија

(ВИДЕО) Ковачки: Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8 и други патишта, се крие како подизведувач

Ковачки: Внукот на Али Ахмети има добиено концесија од државната ЕСМ за ископ на варовник, а фирмата има само еден вработен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: Чии се парите со кои внукот на Ахмети ја купил „Соравиа“?

Ковачки: Ковачевски ја навреди пратеничката Бети Стаменкоска на сексистичка основа

Ковачки: Македонија и македонските граѓани се предадени затоа што е изиграна изборната волја и премиер е човек кој не учествувал на избори