Ковачки: Македонија и македонските граѓани се предадени затоа што е изиграна изборната волја и премиер е човек кој не учествувал на избори

Од:

Премиерот ниту ни образложи за ниту еден министер до сега, зошто го разрешува, ниту неговите пратеници се појавија за збор. Погледнете ги листинзите од првата точка и ќе видите дека ниту за разрешувањето на министерот за здравство некој се пријави за збор од Социјалдемократскиот сојуз, а ќе видите дека ниту за денешната точка, ниту еден од владејачкото мнозинство не се пријави за збор, вели пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки од денешната собраниска седница за разрешување на министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

Ковачки им посочи на власта дека прават Влада, разрешуваат министри, а немаат ниту еден пратеник подготвен за дискусија и ова е доказ дека нелегитимниот премиер ниту го почитуваат, односно, неговите одлуки, на некој начин не ги сфаќаат сериозно, меѓутоа, знаеме дека на крај со некакви притисоци, со поткупи, со лажни ветувања, дека ќе ги убедат пратениците да гласаат.

„Ќе се постави прашањето кога ќе дојде ред да се гласа, оној министер или заменик што и да бил, кој што бил советник на режимот, како што го нарекувате. Дали тука ќе имате што да кажете и дали тука ќе се произнесете, барем тогаш да земете збор? А за гласањето знаеме како ќе биде, затоа што знаеме дека сте една обична гласачка машина, без свое достоинство на која единствен континуитет и се предавствата. И тука мислам и на предавството во потесна смисла на зборот, но и во поширока смисла на зборот во сите сфери на општеството. Дуплото голо наречена Македонија си продолжува да си тоне, да се распаѓа македонското ткиво, а македонското општество не било никогаш поподелено од сега“, истакна Ковачки.

Предадени од власта, додаде Ковачки, се и здравствени работници, предадени се и лекари, предадени се и војниците и полицајците, и пожарникарите, предадени се и учениците, предадени се тешко болните, предадени се и лицата со ретки болести, предадена ни е цела младина.

„Предадена е и иднината на чесните Македонци, на чесните Албанци, на чесните Турци, на чесните Роми, Бошњаци. Предадена е иднината на Македонија и тоа го прави овој премиер. Македонија е предадена затоа што е продадена, за да може да си доподелат уште некој милионски тендер за струја на своите семејства и за да се допаднете некому надвор, демек сме напреднале цивилизациски. Ноторна лага. Македонија и нејзините граѓани се предадени и понижени затоа нема легитимна власт, односно затоа што е изиграна изборната волја на граѓаните. Државата ни ја води човек кој што ниту бил на избори, кој е донесен на власт за да се подзборави предавството на неговиот претходник и човек кој одбил да и служи во 2001 година на сопствената држава, приложувајќи документ за трајна неспособност, за да еве го сега стане премиер“, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека сега во власта влегува партија како Алијанса за Албанците за која што партијата на власта Демократска Унија за Интеграција (ДУИ) е канцер во општеството а сега на истите луѓе од ДУИ му стануваат резервна гума и му ја спаруваат власта.

„Во власта влегуваат и алијанса за Албанците со класични анти ДУИ гласови од изборите во 2020 и партија која на последните локални во Тетово ги изгуби од во моментот, опозиционата Беса. Во власта влегува Алијанса за Албанците која што до вчера не убедуваше дека ДУИ е канцер на општеството, а сега им станува резервно тркало и на ДУИ, односно на Али Ахмети, Артан Груби и на Ковачевски“, рече меѓу другото Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Народот е подготвен и обединет за промени, приклучете се кон ВМРО-ДПМНЕ за да ја поразиме оваа ненародна и криминална влада на СДС и ДУИ

Горан Наумовски

Ковачки: Пендаровски е се понервозен од малиот рејтинг и премалата посетеност на неговите митинзи, да се обединиме, силата е во народот а не во корумпираната елита на СДСМ и ДУИ

(ВИДЕО) Ковачки: Бесрамниот Пендаровски да и се извини на Силјановска Давкова

(ВИДЕО) Ковачки: Со Платформата 1198 предвидуваме целосна реконструкција на патиштата до Делчево и изградба на експресен пат од Кочани

(ВИДЕО) Ковачки: СДС и ДУИ седум години ги пљачкаат и понижуваат граѓаните, време е државата да ја вратиме кај народот

(ВИДЕО) Ковачки: Додека на СДС и ДУИ устите им беа полни со ЕУ и НАТО ги полнеа џебовите со украдени пари од својот народ