Ковачки: Ковачевски ја навреди пратеничката Бети Стаменкоска на сексистичка основа

Од:

И денеска се продолжува со понижувањето на македонската демократија, во собранието од страна на нелегитимниот премиер кој што во утринските часови прекинуваше пратеници со дофрлања од место дека многу викале и не можел да ги слуша. Очигледно е дека премиерот деновиве има проблем со вниманието е и не е подготвен да се соочи со аргуиментите на опозицијата. Излегува и чита готови прес конференции, нагласи Ковачки.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ковачки истакна дека во обид за дефокус премиерот ја навредил колешката Бети на сексистичка основа.

„Во обид за дефокус премиерот и денес навреди нашата колешка на сексистичка основа а во текот на вчерашниот ден колега го нарече дека е глупи август а се дополни со нова изјава дека бил пион кој што можел да стане кралица, но коњот засекогаш ќе останел коњ. Брука, ова е дно. Обичниот пион на Груби односно на Артан Груби пати од комплекс на помала вредност затоа што не бил на избори и не е избран.Но сепак сака да стане кралица и мисли дека може да ги навредува избраните пратеници“, истакна Ковачки.

Пратеникот Ковачки упати прашање до премиерот до каде се проектите што ги ветувале и зошто нема ниту еден реализирано.

„До каде е гасификацијата на Гостивар, до каде е гасификацијата на Штип до каде е реконструкцијата на регионалниот пат Македонски Брод-Скопје, сте ветиле изградба на старечки дом во Кочани, отворен и затворен базен, изградба на спортска сала, до каде се овие проект, ветувавте граничен премин Клепало, изградба на пат Берово-Радовиш, ништо не е реализирано ништо од ова што сте го ветиле, новата влада ќе има најкраток век на траење“, нагласи Ковачки.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачки: Владата на Ковачевски и институциите да направат контрола дали е платен данок на промет и како е направена трансакцијата за Соравија

(ВИДЕО) Ковачки: Внукот на Али Ахмети со фирмата која ја купи Соравија работи на Коридор 8 и други патишта, се крие како подизведувач

Ковачки: Внукот на Али Ахмети има добиено концесија од државната ЕСМ за ископ на варовник, а фирмата има само еден вработен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ковачки: Чии се парите со кои внукот на Ахмети ја купил „Соравиа“?

Ковачки: Македонија и македонските граѓани се предадени затоа што е изиграна изборната волја и премиер е човек кој не учествувал на избори

(ВИДЕО) Ковачки: Зарко Милошевски е унапреден и награден од Ковачевски и Зечевиќ во директор на АНБ