Ковачевски за аферата „Тајни имоти“: Јас немам сознанија, сè што имаат нека достават до Антикорупциска

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски нема сознанија дали негови сопартијци, функционери кријат имот вреден 30 милиони евра, како што вчера обвини ВМРО-ДПМНЕ. Тој ја упати опозицијата за аферата која ја нарекоа „Тајни имоти“ да ја извести Државната комисија за спречување корупција.

„Јас за таа афера немам никакви сознанија. Гледам дека вчера ВМРО-ДПМНЕ преку еден свој пратеник имаше одредена најава. Сè што имаат како одредени индикации треба да  достават до Антикорупциската комисија бидејќи секој функционер е должен сè она што го има стекнато во текот на својот живот да го пријави во својот анкетен лист исто како што јас сум го направил тоа“, рече премиерот Ковачевски денес по посетата на ТИРЗ Скопје 1 по повод нова инвестиција од 30 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ вчера објави дека 123 функционери на СДСМ кријат имот вреден 30 милиони евра и им остави на институциите рок од 24 часа да ги објават имињата, но откако тоа не се случи денес тие  почнаа да ги објавуваат имињата на функционерите кои во анкетните листови не го пријавиле целосно имотот што го поседуваат.

ВМРО-ДПМНЕ вчера обвини и дека Антикорупциската комисија е соучесник во криењето на имотот оти функционерите имаат обврска во рок од 30 дена по именувањето да пријават што имаат, рок кој одамна е пробиен.

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе бара и проверка на потеклото на имот, за што денес министерот за правда Никола Тупанчевски рече дека не мора за се чека донесувањето на законот за потекло на имот кој сè уште е во нацрт, туку дека и во моментов постојат инструменти и механизам за докажување и откривање незаконски стекнат имот.

Повик до ВМРО-ДПМНЕ да пријави кај нив сè што има за имотот на функционерите испрати и директорката на Државната комисија за спречување корупција, Билјана Ивановска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Наместо префрлање на топката од ДКСК на Владата, власта нека започне со разрешување на 120-те функционери

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петрушевски: Претседател и членови на комитетот за одобрување на инвестиции на ФИТР не поднеле анкетни листови, а одлучуваат за милиони

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ функционира во нелегално стекнат имот, се што има нека достави до надлежните институции

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да не учествува во криминал и да антидатира анкетни листови на луѓе од власта на СДС

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Петрушевски: Нови детали од аферата „Тајни имоти“, се кријат градежни фирми, станови, куќи и скапи возила

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“

Ана Ололовска