Костадинов: Потребни се промени во сите области за да се спаси државата

Од:

Македонија оди во погрешна насока. Потребни се значајни промени во сите области, за да се спасиме и ние и државата. Да не дозволиме никогаш повеќе ова зло, наречено Никола Груевски, да ни се повтори, Костадин Костадинов, кандидат за пратеник и портпарол на ОО СДСМ Струмица.

СЕГА имате избор, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има програма со која ќе го врати животот во Македонија, ќе обезбедиме достоинствен живот за сите, затоа што Сите се важни.

Ќе го спречиме исселувањето, за младите да останат дома.

Една од мерките е проектот Младинска гаранција. Што значи ова?

Тоа значи дека државата ќе им гарантира на младите три опции по завршувањето на нивното школување, вработување, пракса и дополнително дообучување и третата опција која што ќе ја гарантира државата е продолжување на образованието. Младите ќе изберат, а државата ќе го поддржи нивниот избор.

Тие пак, кои ќе сакаат да почнат нов бизнис, тоа ќе можат да го направат со само едно евро основачки влог. Од државниот фонд од над 3 милиони евра, ќе можат да добијат неповратни грантови до 10.000 евра и бесплатни деловни услуги за новите фирми. За микро бизнисите нудиме кредити до 15.000 евра со еден посто камата.

Со новата Влада на СДСМ, државата ќе биде вистинска мајка за младите, мајка која сака нејзините деца да останат тука, тука да работат, печалат и тука да ја градат иднината со своите семејства.

Младите и се потребни на државата. Ние имаме план да останат дома. А не како Груевски и фамилијата кои во изминатите 10 години ја опустошија и испразнија државата.

Уништувачот на Македонија денеска уште еднаш парадираше низ Струмица. И без никаков срам вети затворен базен со ватерполо димензии за младите. За кои млади Груевски, тие што заминаа?

Колку му е гајле за Струмица и струмичани потврди со неговите ветувања. Ќе градел канализација во Добрејци, а таа е веќе во завршна фаза. Ќе градел пречистителна станица, а таа веќе се гради.

Груевски, општина Струмица не те чека тебе, таа одамна работи за граѓаните на Струмица кои ти 10 години ги заборави. А останатите ветувања се препишани од претходните програми, уште еден доказ дека ти ништо не направи за Струмица.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација