Кошта пристигна во Скопје, пречекан од министерот за европски прашања Муртезани

Од:

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани утрово го пречека претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, кој е во посета на земјава. Во моментот во Владата Кошта е на средба со премиерот Христијан Мицкоски, по што ќе следи заедничка прес-конференција.

– Утрово, со особена чест, во својство на министер за европски прашања, го пречекав претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кој денеска престојува во прва официјална посета на земјата. Заедно се упативме кон Владата на Република Северна Македонија, на билатерална средба со премиерот Христијан Мицкоски, на која ќе се дискутира за унапредување на европската агенда, објави Муртезани на својата Фејсбук страница.

Тој додава дека во разговорот со Кошта, имал можност да се увери дека претседателот на Европскиот совет доаѓа со порака на поддршка и охрабрување дека иднината на регионот е во Европската Унија.

– Воедно, во име на Владата ја реафирмирав нашата позиција дека европската интеграција не е само стратешка цел, туку и вредносна определба, додаде Муртезани.

Кошта претходно ги посети Белград и Сараево, а целта на неговата регионална посета е да ја потврди посветеноста на ЕУ кон регионот и перспективата на земјите од Западниот Балкан за членство во Унијата.

Би можело да ве интересира

Кошта: ЕУ е најважниот партнер на Србија, вратите на Унијата се отворени

(ВИДЕО) Филипче: Кошта ја потврди вистината, уставните измени се единствениот услов за ЕУ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

ВИДЕО: Немам намера да поддржам авантура без извесен крај, Мицкоски пред средбата со Кошта

Катерина Ѓуровски

Антонио Кошта денеска во Скопје на средба со премиерот Христијан Мицкоски

Кошта од денеска во посета на Западен Балкан, утре ќе биде во Скопје