Корлевски: Лицемерно е Милошески и ДПМНЕ да ги ветуваат истите проекти веќе 11 години

Од:

Антонио Милошоски со цело локално раководство на ДПМНЕ се шегува на сметка на Битолчани.
За жал ѓаволот одамна ја однесе шегата од Битола! Каде им е образот, моралот и срамот на луѓето кои ја уништија Битола на секое поле да излезат со истите ветувања од пред 10 години, рече Борче Корлевски.

Господа од ДПМНЕ, за ваше потсетување, базенот го ветувате веќе 10 години, спортска сала не само што не направивте нова, туку и веќе постоечката ја упропастивте. Со гасификацијата и топлификацијата на Битола ниту сте започнале, ниту ќе започнете. Обидот за изградба на железничка пруга е веќе поврзан со голем број финанскиски скандали и голем број на подизведувачи кои останаа без своите финансиски средства. Што се однесува на планинараскиот дом “Копанки” самите пратеиници и советници од ДПМНЕ гласаа против да се доделат средства за негова обнова. За стадионот веќе не треба ни да се споменува.

Десет години сте на власт а веќе единаесет години на локално ниво. Во овие единаесет години успеавте од Битола да направите град во кој имаме спорт во изумирање, стопанство на колена, најзагаден воздух во Европа, запоставен универзитет, град од кој младите масовно се иселуваат и најголема стапка на канцерогени заболувања во Македонија.
Искрено се надеваме дека и самите сте свесни што направивте со нашата конзулска Битола и дека ќе престанете со своите лажни ветувања бидејќи за битолчани РЕАЛНО ништо не направивте!

Би можело да ве интересира

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) СДСМ: Директорка на училиште и нејзин помошник се коцкале во казино за време на екскурзија во Монте Карло