Конзервирана и реставрирана црквата „Сите Светии“ во село Лешани

Од:

Црквата „Сите Светии“ во манастирскиот комплекс во село Лешани во областа Долна Дебарца, Охридско, е целосно конзервирана и реставрирана.

Проектот, финансиран од Министерството за култура, се одвиваше во пет фази и опфати заштитно-конзерваторски работи на архитектурата на црквата заради намалување на негативните влијанија на влагата во и околу објектот, како и санација на археолошките ѕидови. Извршена е и конзервација на фрескоживописот кој поради влагата во изминатиот период беше доведен во сериозна опасност. По механички и хемиски пат отстранети се сите нечистотии и извршено е ретуширање на оштетениот слој со што е вратена колоритната автентичност на фрескоживописот, по кој е препознатлива оваа црква.

Црквата „Сите Светии“ е изградена во 15 век и претставува мала еднокорабна градба ѕидана од кршен камен и бигор.

Би можело да ве интересира

Арамии провалиле во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ и го ископале подот

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале