Конзервацијата на ранохристијанската базилика во Манчевци во завршна фаза

Од:

Конзервацијата и презентирањето на откриените структури од ранохристијанската базилика на локалитетот Манчевци во Охрид е во завршна фаза. Според планот, до крајот на годинава ќе бидат целосно завршени конзервацијата и илуминацијата со што, како што соопшти Министерството за култура, ќе биде промовирана уште една значајна културно-историска позиција во старото охридско јадро, непосредно до црквата „Св. Софија“.

– Проектотот се одвива во континуитет, четврта година по ред, со финансиска поддршка од Министерството за култура, а активностите ги спроведува Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид. Од 2011 до 2013 година е извршена заштита од обронување на земјените профили со изведба на потпорни ѕидови и нивно обложување. Истовремено беа консолидирани зачуваните структури од базиликата над кои беа изведени натстрешници од просторни решетки, покриени со транспарентни акрилни плочи, информира Министерството за култура.

Со археолошките истражувања во 2007 година беа откриени делови од северниот и централниот кораб на ранохристијанската базилика со зачуван поден мозаик со декоративен аранжман карактеристичен за V и VI век. Како особено значајно се издвојува мозаичното поле со донаторски натпис во кој се спомнуваат Тома и Јован кои го изградиле објектот. Исто така, беа откриени фрагменти од фрескоживопис во долните партии на ѕидовите.

Би можело да ве интересира

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски

Случај црква Св. Петка во Галате: Обвинителство демантира дека издало наредба за приведување

Горан Наумовски

Хрват и радовишанка сакале да ограбат црква, со нож му се заканувале на клисарот

Горан Наумовски

Вандализирана црквата „Свети Атанасиј“ на тетовско Кале

На црква на тетовско Кале поставено знаме на Албанија

Горан Наумовски