Конституирано советодавното тело за употреба на имиња на историски и други познати личности

Од:

Првата конститутивна седница на советодавното тело за давање мислење за употреба на име на историска и друга позната личност во името на здружение и друго правно лице се одржа денеска во Владата.

Како што информира владината прес-служба, улогата на ова тело ќе биде советодавна, односно ќе дава мислење за карактерот на историските личности, начинот на кој ќе се формираат здруженијата со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни епохи.

За претседавач на телото, членовите едногласно го избраа Бобан Петровски од Институтот за историја при Филозофскиот фaкултет, а за заменик-претседавач Билјана Мицковска од Министерството за економија.

Советодавното тело има седум постојани членови кои се номинирани од самите институции, а двајца дополнително ќе се именуваат од граѓанските организации и други институции, зависно од личноста за која ќе се дискутира.

Постојани членови за телото се: Билјана Ристовска-Јосифовска, редовен професор на Институтот за национална историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”-Скопје, Бобан Петровски, редовен професор на Институтот за историја на Филозофскиот факултет во Скопје-за прашања од антички период и среден век/д-р Никола Минов, вонреден професор на Институтот за историја на Филозофски факултет во Скопје-за прашања од нов и најнов век, академик Драги Ѓоргиев, редовен член на МАНУ, Антонио Павлоски, посебен советник во Министерство за култура, Билјана Мицковска, раководител на Сектор за правни работи при Министерството за економија, Сафет Незири, државен советник за образовни политики во Министерството за образование и наука и Ана Трајчева-регистратор во Централниот регистар на Република Северна Македонија.

-Советодавното тело за својата работа до Владата ќе треба да достави годишен извештај, најдоцна до првата половина на март во тековната година за претходната година, заради нејзино информирање, стои во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски