Конституиран новиот Совет на општина Боданци

Од:

Во Богданци денеска се одржа конститутивната седница на новоизбраниот Совет на која беа верификувани мандатите на 11 советници од кои седум од СДСМ и коалицијата и четири од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

За нов претседател на Советот едногласно беше избрана Драгица Ѓавочанова, советничка од СДСМ.

До изборот на новиот претседател, седницата ја водеше најстариот советник, Снежана Енџекчева, а по изборот на актуелниот претседател, Советот ја конституираше и Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања.

Во своето обраќање Ѓавочанова им ги честита мандатите на советниците, им се заблагодари за добиената поддршка и истакна дека за времетраење на мандатот се надева на плодна и успешна соработка во интерес на граѓаните на општина Богданци.

Би можело да ве интересира

Левица: Фемицидот во Богданци е уште еден доказ дека полицијата не ги штити жените кои пријавуваат насилство

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Со нож ја уби мајка си во Богданци, па сам се пријави во полиција

А1он

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

Момче од Богданци во студентски дом фотографираше девојка како се тушира

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Богданци и околината

Горан Наумовски