ЦИРа во соработка со фондот на браќата Рокфелер од САД распиша конкурс за избор на идеи и проекти за зелени претриемнички бизнис, кои промовираат традиционална изработка на производи, поддршка на локални мали бизниси и потикнуваат иновативни идеи за развој на животната средина.
Избраните три идеи од Македонија ќе се натпреваруваат на регионалниот форум, каде најдобрите три можат да бидат селектирани за финансиска поддршка од 10.000 долари за нивна реалзиција.
Според директорот на ЦИРа Зоран Стојковски, ова е прекрасна можност за македонските социјални претприемачи, мали и млади организации и претпријатија да конкурираат со своите идеи и да добијат награда, но и да обезбедат контакти со можни поддржувачи и донатори.
Крајниот рок за доставување на проектите е 10 јуни 2014.