Конкурс за стипендии за постдипломски студии за земјоделството во Унгарија

Од:

Програмата за стипендии на ФАО и унгарската влада доделуваат двегодишна стипендија, која опфаќа финансирање постдипломски студии во дисциплини од областа на земјоделството за солидни студенти од земјите во развој и земјите со среден приход.

Во десеттата година по ред програмата за стипендии на ФАО спонзорирана од Унгарија им нуди можност на младите професионалци да го прошират и продлабочат своето знаење. Оние кои ќе бидат примени во програмата ќе посетуваат студии од областите сточарство, земјоделското водостопанство или инженерство во областа на животна средина, или на Универзитетот во Дебрецен или на Универзитетот Сент Иштван – две реномирани високообразовни унгарски институции.

Стипендијата опфаќа трошоци за аплицирање и школарина, основни книги, сместување во домови, трошоци за дневен надомест и здравствено осигурување.

Краен рок за поднесување на пријавите е 28 февруари 2018 година, за академската година почнувајќи од есента 2018 година.

До денеска, околу 300 студенти уживаат корист од стипендијата ФАО-Унгарија. По враќањето во нивните матични земји, тие имаат подобри шанси на пазарот на труд. Тие исто така имаат пристап до глобална професионална мрежа: нивните колеги научници и нивните професори.
Државјаните на следните земји, кои живеат во истите, имаат право да аплицираат за програмата:
Белорусија, Буркина Фасо, Чад, Египет, Етиопија, Гамбија, Грузија, Гана, Јордан, Казахстан, Кенија, Косово, Киргистан, Лаос, Либан, Македонија, Мадагаскар, Мали, Мјанмар, Молдавија, Монголија, Црна Гора, Намибија, Нигерија, Северна Кореја, Палестина, Филипини, Србија, Сомалија, Судан, Таџикистан, Уганда, Украина, Узбекистан, Виетнам и Јемен.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование