Конкурс за стипендии на Првата Академија за графички и веб дизајн

Од:

Најкреативните решенија на конкурсот на тема „НаТочак“ на Првата Академија за графички и веб дизајн ќе добијат стипендии. Фондот за стипендии е во износ од 6.900 евра.
Условот да може да се аплицира за стипендија е креативноста преку пишан збор, скица, концепт, цртеж, фотографија, илустрација, анимација, видео…

Сите кандидати кои ќе аплицираат на овој конкурс имаат можност да освојат целосна стипендија во вредност од 2.450 евра или делумна стипендија во вредност од 1.000 евра. Вкупниот фонд на стипендии изнесува 6.900 евра. Ќе бидат доделени по една целосна и делумна стипендија за програмата Графички дизајн и за програмата Веб дизајн.

Конкурсот за стипендиите, кои важат за учебната 2017/18 година, е отворен за сите кандидати на возраст од 18 години, со краен рок за аплицирање на 28 април 2017 година.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март