Конкурс за стипендии „Борис Трајковски“ за 2013/2014

Од:

Министерството за образование и наука распиша конкурс за доделување стипендии „Борис Трајковски“ за студии од втор циклус за извршната МБА Програма на Универзитетот Шефилд, Грција, за академската 2013/2014 година.

Средствата за стипендиите во еднаков износ ги обезбедуваат Владата на Република Македонија и Сити-колеџот, Факултет за меѓународни студии при Универзитетот Шефилд. Ќе бидат доделени 20 стипендии за студии од насоките: општ менаџмент, маркетинг, финансии, логистичка поддршка и менаџмент во здравството.

Извршната МБА програма се реализира во Солун, за време на еден викенд во месецот. Стипендиите ги покриваат средствата за уписнина, а останатите средства (патни трошоци, сместување и други животни трошоци) се на товар на кандидатот.

На Конкурсот може да се пријават стручни лица од различни профили и бизнис-менаџери вработени во компании од приватниот и јавниот сектор. Краен рок за пријавување е 15 септември 2013 година.
Сите дополнителни информации во врска со Конкурсот – условите, потребните документи и формуларот за пријавување, се објавени на веб-страницата www.stipendii.mon.gov.mk.

Би можело да ве интересира

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование