Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска го посети локалното население кое живее во околината на браната Слатино, општина Дебарца.
Коњановски изврши обиколка на браната, согледувајќи ја моментната состојба на акумулацијата и нејзиното полнење од Мраморечката река.
– Сакав на лице место да ја согледам состојбата со браната во Слатино која, како државни институции, изминативе денови редовно ја следиме. Оштетувањето е од сериозни размери. Останува координирано да делуваме во рамки на можностите и условите кои, за жал, не одат во прилог доколку се земат предвид временските прогнози, истакна Коњановски по посетата.
Министерството е во постојана комуникација со претствниците на Дирекцијата за зашттиа и спасување, Центарот за управување со кризи, Министерството за животна средина, како и со останатите државни институции.
– Редовно контактираме и со професорите од Градежниот факултет кои извршија увид на состојбите. Како Влада сме тука, заедно со населението од Дебарца и во наредниот период остануваме тука, напомена заменик министерот Коњановски.
За време на посетата, претставниците од ДЗС и ЦУК информираа за досега преземените активности и најавија дека координираната комуникација ќе продолжи и во наредните денови.