Реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации, е темата на конференцијата што ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС)
Како што најави организаторот, на конференцијата ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, министерката за правда Рената Дескоска, Никола Бертолини од Делегацијата на ЕУ, како и експери и претставници на граѓански организации од Словенија, Франција и Романија.
Ќе се дебатира за потребата од државна поддршка за граѓанските организации, целите на различните модели за поддршка на развојот на граѓанското општество, начините на финансирање и институционалната рамка за распределба на средствата.