Фундаменталниот принцип на Обединетите нации, соодветното законодавство и довербата кај давателите на информации, се трите клучни столба на кои се базира доверливоста на индивидуалните податоци за статистички цели.
Ова денеска го истакна в.д. директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски на отворањето на тридневната Заедничка сесија на ОН/ЕКЕ и Евростат, посветена на доверливоста на статистичките податоци.
Според фундаменталниот принцип на ОН, рече Симовски, сите податоци за индивидуални лица и деловни субјекти прибрани за продукција на статистички податоци можат и смеат да се користат исклучиво за статистички цели. Постоењето законодавство, пак, значи обврска на статистичките институции за заштита на индивидуалните податоци.
Домаќин на Конференцијата е Државниот завод за статистика, а учествуваат претставници на академската заеднница, меѓународни организации, статистички институции од целиот свет, кои во следните три дена ќе презентираат над 40 трудови.