Конференција: Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина

Од:

Конференцијата „Квалитетно образование за раст, резултати и подобра иднина” на која присуствуваат над 600 учесници се се отвори јавна дебата за тоа како најдобро да се забрза реформата на образовниот систем и да се подобри квалитетот на образованието за да се намали јазот меѓу земјата и успешните образовани системи.

„Сите реформи, посебно ваквите клучни реформи како што е поставувањето на образовниот систем, ќе ги правиме низ јавна дебата, во консултации со домашната стручна и меѓународна јавност и со сите засегнати во образовниот процес. Заедно ќе создадеме образовен систем, што понатаму само ќе се надоградува, наместо постојано да се менува,“ рече Зоран Заев, претседател на Владата во поздравниот говор при отворањето на тридневната конференција.

„Како родители, наставници и лидери, ние не само што имаме одговорност да ги усреќиме децата во моментот или да ги подготвиме за тест или испит, нашата крајна одговорност е да ги подготвиме за животот… да станат успешни 35 или 45-годишници, помагајќи им да го изградат идниот социо-економски и демоктратски развој на општеството,“ рече Бенџамин Перкс, претставник на УНИЦЕФ.

На првиот ден од конференцијата, меѓународните експерти проф. Мајкл Вотерс од Универзитетот во Вулверхемптон, Велика Британија и поранешен директор за наставна програма и проф. Џејмс Артур од Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија, одржаа воведни презентации за водечки глобални сознанија за тоа како секој ученик да го даде најдоброто од себе и како младите на училиште да изградат карактер и вредности.

„Нашата работа е со постојани измени и новости, ние треба неуморно да работиме нон- стоп со цел да сме во тек со промените и да го подобриме она што го имаме или да го смениме во нешто кон кое целиме,“ рече г-а Рената Дескоска, министерка за образование и наука на отварањето на сесијата за различните перспективи и предизвици во обезбедувањето квалитетно образование на која г. Кристиан Аедо, раководител за образование – Светска Банка – Европа и Централна Азија и г-а Елизабет Фордам, виш советник за глобални односи за образование и вештини, ОЕЦД споделија глобално знаење за клучните фактори за подобрување на учењето и стекнувањето вештини.

Експерти од Словенија, Хрватска, Албанија и Србија – земји кои успешно работат на подобрување на квалитетот на образованието – споделија практични искуства од регионот.

Признавајќи го влијанието што предучилишното образование го има врз подготвеноста за училиште и успехот во школувањето, во текот на вториот ден, под водство на г-а Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика, светскиот експерт, проф. Анџелика Понгута, соработник истражувач, Медицински факултет при Универзитето во Јејл, ќе ги сподели најновите сознанија за раниот детски развој како основа за човечкиот развој. Оваа сесија е од критично значење со оглед на моменталната стапка на опфат во предучилишно образование од 40 отсто во споредба со таргетот на ЕУ од 95 отсто.

Во текот на вториот ден од конференцијата ќе се одржат две панел дискусии. Првата ќе се фокусира на квалитетно инклузивно образование со цел да се дискутира за начините за подобрување на пристапот и постигнувањата на децата со попреченост во редовното образование. Моментално само едно од четири деца во земјата посетува основно образование (28 отсто) и само 4.7 отсто од децата со попреченост посетуваат предучилишно образование.

Втората панел дискусија ќе отвори дебата за тоа како да се искористат
богатите податоци достапни од меѓународните оценки, како што е рангирањето на Програмата за меѓународна оценка на учениците (ПИСА), каде што нашата земја е рангирана на број 67 од 70 земји.

Паралелно со конференцијата, на дводневниот хакатон ќе се вклучат тимови од експерти и млади луѓе за да посочат нови иновативни подрачја со кои ќе се подобри квалитетот и инклузивноста на образованието. Тимовите ќе презентираат идеи и иновативни решенија на последниот ден од конференцијата како предизвик на традиционалните образовни парадигми и ќе претстават нови технолошки можности и иновативни практики за движење на модерното образование напред.

Настанот е организиран под водство на Владата, Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ.

Би можело да ве интересира

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март

Филипче: Наставниците и работниците се разочарани, платите со оваа Влада нема да растат