„Конект“: Законот за донации и спонзорства во јавните дејности мора да претрпи измени

Од:

Потребата од измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности во согласност со добрите практики на регулирање на филантропијата во Европската Унија, поновите измени во даночниот третман на граѓанските организации, нивната улога како работодавачи, новите активни мерки за вработување што тие можат да ги користат со цел зголемување на вработеноста во земјата, беа дел од темите за кои се зборуваше на денешната денешната Конфенренција за закони по мерка на граѓанските организации.

– Тука сме со цел да дадеме наша поддршка и експертиза во делот на законот за филантропија и спонзорства во јавните активности. Ние сме многу среќни што постои интерес за подобрување на овој закон, бидејќи сметаме дека филантропијата е еден од главните начини со кој невладините организации можат да ги подобрат и унапредат своите активности. Наш став од секогаш бил дека законодавството мора да оди во прилог на работата на невладините организации со цел да се отстранат сите пречки во тој дел и да им се овозможат придобивки, нагласи Љубен Панов, претставник на Европскиот центар за непрофитно право.

Посочи оти нивна главна препорака, во делот на законодавството, е да се оптимизира процесот со цел да се поедностават активностите и да се овозможи непречено работење.

– И покрај тоа што во 2006 година се донесе Закон за донации и спонзорства во јавните дејности, многу од компаниите решаваат да не го користат, иако би сакале да ги добијат даночните олеснувања, додека граѓаните и не го применуваат. Според тоа имаме закон кој формално функционира, но не ја остварува својата примарна функција и не им служи на оние за кои е донесен. Затоа тој мора да претрпи измени во повеќе сегменти за навистина да ја развива филантропијата и да ги поттикнува граѓаните, претпријатијата, здруженијата активно да се вклучат во решавањето на општествените проблеми, заклучи Никица Кусиникова, извршна директорка на Здружението „Конект“.

Конференцијата се организираше од рамки на проектот „Промени за одржливост“, финансиран од ЕУ, а спроведуван од Здружението „Конект“ во партнерство со фондацијата Аполонија и Центарот за даночна политика.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се бара модел за одржливост на граѓанските организации

Ана Ололовска

Конференција за реформа на системот за државно финансирање на граѓанските организации

Ана Ололовска

Граѓански организации ќе ги презентираат успешните модели на партнерства со власта

Ана Ололовска

Граѓанските организации бараат да се повлече законот за СЈО

Ана Ололовска

Презентација на 22 грантови за граѓански организации од пет општини

Ана Ололовска

Граѓанска платформа: Pолитичка волја и силни институции за борба против корупцијата

Ана Ололовска