(ВИДЕО) „Комуњариве сега е време да ги исчиситиме“

Од:

Доказите што ги објавивме ги открија вистинските лица на партијата на власт. Груевски со братучед му стои зад сите зла, само да остане на фотељата. Никој нема дилема кој е Никола Груевски и неговиот братучед Сашо Мијалков, рече Заев на прес конференцијата на Бихаќка.

Денеска објавуваме докази за поклопеноста на државата од овие неколку луѓе-партија. Ќе се докаже зошто во извештаите на ОБСЕ токму МВР е посочено како пример каде се поклопуваат државата и партијата.

Како функционира тој систем на пресметка со неистомислениците, за да држат `се под контрола покажува разговорот помеѓу Јанкулоска и Мартин Протугер открива како Живко Поповски, татко на министерот на надворешни работи Никола Поповски, инаку директор на Цивилна и воздушна пловидба го избркал претседателот на Синдикатот поради непослушност.

Факултетите се полнат со асистенти низ подобна партиска лупа, како треба “`се да се исчисти, за да не има уште некој комуњар“ или некој во кого не се сигурни, што би рекле Мијалков и Јанкулоска.

Од Управата за безбедност и контраразузнавање биле тргнати или што би рекле Јанкулоска и Мијалков, биле ставени во “суфицит“ сите кои поради некоја причина покажале незадоволство и решиле да тужат. Ќе видите како им пресудува лично Гордана Јанкулоска ставајќи ги “во суфицит“ па, како што вели: “нека одат во Македонски шуми нека тужат“, рече Заев.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Мартин Протугер

ГЈ: Го избркал претседателот на синдикат, шо не е добро за државата, знаеш, во секоја земја синдикатот протестира, дава остри изјави…
МП: Мхм
ГЈ: …Ама работа на работодавецот е да седне да преговара со него
МП: Мхм
ГЈ: А тој па претседателот на синдикат му е татко на еден ватерполист, ја знаеш со ватерполистиве…Ха ха…
МП: Мхм, мхм..
ГЈ: …Си го имам муабетот. И чоеков беше кај мене преку син му, вика молим те, вика ќе му се извинам, се шо треба, да не останам без работа. И јас преку Миле го замолив. И го избрка. Шо мислам не е добро, за државата не е добро да избркаш од работа претседател на синдикат. А причината зошто го избрка, зошо дал некоја изјава со која рекол демек раководството… ааа …нешо ги репресира вработените, ко и секој претседател на синдикат шо вика.
МП: Да да…
ГЈ: А иначе, да му завршеше работа имаше простор све законски, ја не сум будала да му барам нешо незаконски, можеше вика, нека ме суспендира, нека ме казни парично, и се тоа вика човеков нема проблем, све шо треба… И да го казнеше така ќе си го имавме на наша страна. Тие шо.. контрола на летање, шо ни протестираа, утре задутре ќе имавме контрола над нив.
МП: Мхм мхм
ГЈ: Знаеш тогаш коа ни напраија проблем у Брисел ваму-таму…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Панче Кралев

ПК: Иам едно прашање
ГЈ: Повели
ПК: Овој од Агенција за вработување ми се јави, Влатко…
ГЈ: Добро, да…
ПК: Не знам дали знаеш може ти спомна, му се заканувале таму деканиве, нели ќе му напраат фешта со телевизии со ова со она, шо не ги пушта овие знаеш шо ги држи асистентиве…
ГЈ: Да…
ПК: Ние гледавме овде списокот, значи тие шо се океј отидоа…
ГЈ: Добро
ПК: Е сеа има неколку, не неколку туку повеќето се ни ваму ни таму…
ГЈ: Односно деканиве не постапиле како шо сме им рекле така?
ПК: Не не, не сме ни имале ние кандидат, нити се членови на некоја партија, ме сфаќаш, значи не сме имале таму кандидати… него они си објавиле им требало добиле согласност и си има некој…
ГЈ: Ама треба бе Панче да видиме кои се луѓево, да не се ептен комуњари
ПК: Ги гледав, значи Наташа и Стојче ги гледаат нон-стоп значи затоа ти викам, не се дефинирани тие. За тие што се знае дека се СДС ги имаат лоцирано, тие шо се наши ги имаат лоцирано и тие се поминати, тие од ес-де-ес не поминуваат, меѓутоа имаме група на луѓе недефинирани …
ГЈ: Аха
ПК: …Ме сфаќаш? Ни се ваму ни се таму…
ГЈ: Неопределени…
ПК: Неопределени не моеш да ги лоцираши за таа група на луѓе сеа овој вика шо да праам…
ГЈ: Види, реално ние немаме некој инструмент да ги спречиме освен да помине годинава да не им се обнови согласноста…
ПК: Да, тоа е… тоа е најлош момент
ГЈ: Не бе не е лош шо, тамам тие од ес-де-ес така ќе ти отпаднат…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

СМ: Друго што има?
ГЈ: Ништо бе тековни работи. Треба да видиме по мене уше некој комуњар да не имаме така нее…непрераспореден, да не ги забораиме сега му е мајката…и на Љупчо му реков и од кај него да ми пратат предлози…
СМ: Треба се да се…да се…се да се исчисти
ГЈ: Епа сега му е мајката да ги исчистиме
СМ: Да
ГЈ: И ако има галама на почеток на мандат е ќе стегнеме заби ќе истрпиме и после 4 години на раат сме…
СМ: Да.

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Виолета Андонова

ВА: Ало
ГЈ: Вики шо праиш?
ВА: Еве по дома
ГЈ: Слушај сеа ми текна една добра идеја
ВА: Да…
ГЈ: Со овој заклучоков шо е за суфицит-дефицит…
ВА: Да…
ГЈ: Нели треба да пријавиме суфицит и дефицит од кадри и ние ќе си пријавиме дефицит тоа шо ни фали, не е лошо да се искоординираме утре-задутре, и со другиве служби у БЈБ негде кај шо ни треба поспецифични кадри. А у суфицит да ги зачукаме сите шо тужат… можеме од УБК пошо не се многу не можеме од БЈБ се 1.000 души 2.000…
ВА: Мхм…
ГЈ: Али од УБК нели колку се таму 15-20, сите у суфицит, па нека идат нека работат у Македонски шуми и нека си тужат…
ВА: Добро, ќе им речам утре да ги извадат, ваљда они си ги знаат кои им се…
ГЈ: Ги знаат…
ВА: Повеќе се од 20 души…
ГЈ: Мислам дека 34-35 беа…
ВА: Тужби али… они ги знаат у принцип кои се…кој ги организира…
ГЈ: Ги знаат и ги имаат и кај Весна по тужбите можат да ги видат, потписници на тужбата кои се…
ВА: Да да…
ГЈ: И тамам да им дојде паметот да знаат другите. И така тие мислам не се вака некој јак кадар УБК да пропадне без нив…
ВА: Охооо таму колку има за чистење…
ГЈ: Епа тамам шанса, и некои други такви шо имаме проблематични и така не ни треба нивна согласност сега, и овие шо се бунат за испитот за државни службеници и све да пријавиме у суфицит
ВА: Да да
ГЈ: И ќе им ги укинеме работните места па нека кршат глава…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Илија Димовски

ИД: Втора работа е Комисија на агенција за пошти…
ГЈ: Добро
ИД: Кадешто на двајца луѓе им поминува мандатот на 29.02.2012 од кои едниот е шиптар и единствен шиптар практично по 1 кај шо има 5 души 1 шиптар даваме да…
ГЈ: Добро тука не можеме да им го земеме…
ИД: А имаме член Александар Михајловски…Алек
ГЈ: Тоа е Алек…
ИД: Да, тоа е второто место…
ГЈ: Ова е професионално? Не, хонорарно.
ИД: Да ама со голем хонорар…
ГЈ: Епа добро значи тука можеме некого да удомиме.
ИД: Да да, тука Љупчо Мешков го удомивме, ако се сеќаваш…
ГЈ: Да де да затоа викам тука можеме…
ИД: И оној на Живко Јанкуловски синчето Николче Јанкуловски…
ГЈ: Синот да Николче…
ИД: Да значи тука некој може кај шо сме борчлии и да се разборчиме
ГЈ: Да да…

Разговор помеѓу Гордана Јанкулоска и Сашо Мијалков

ГЈ: Ти пуштив СМС за овој за ЕЛЕМ
СМ: А што беше тоа за ЕЛЕМ кажи ми…
ГЈ: Епа ти нели ми се јави за тој Владимир Поповски…што ми го пушти по СМС, за вработување за конкурсот
СМ: Да знаеш ја забораив шо ургираше за тоа, шо праеше, како беше…
ГЈ: Ти забораи ама му завршивме работа…
СМ: Завршивме работа така?
ГЈ: Да
СМ: За у ЕЛЕМ?
ГЈ: Да за у ЕЛЕМ, ќе ти се јави, ќе ти каже фала да знаеш. Оти јас нели тогаш го барав Чинго он на одмор беше, вика абе завршен ми е не знам дали ќе можам да сменам, нели таму постапки, жалби молби, и денес ми пратил успеав да сменам, Владимир Поповски го стаив.
СМ: Добро супер…
ГЈ: Така да океј е и тоа коа ќе ти каже фала да знаеш си му завршил работа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Втора жртва во експлозијата на бомба во Црна Гора, загинал и член на Шкаљарскиот клан

Горан Наумовски

Еден загинат, неколкумина повредени по експлозија во Цетиње

Горан Наумовски

Во Келн е деактивирана бомба од пет тони од Втората светска војна

Горан Наумовски

Евакуација во Ниш, ќе се дислоцира стара, но моќна бомба на НАТО

Горан Наумовски

Поради наводно подметната бомба евакуирана болница во Москва

Горан Наумовски

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд